Г-дин Каракачан (ов), зошто толку се плашите од нас Македонците?! Ние, Македонците имаме чесни и искрени намери!  Впрочем и Вашиот патријарх  на литературата г-дин Иван Вазов  во неговата песна од 1872 година кога зборува за нас Македонците  не нарекува „искрени и чесни„! Македонците само сакаат да ја демократизираат Бугарија и да ја внесат во светот на цивилизираните со тоа што ќе се почитуваат основните човекови права на Македонците како малцинство кое постои!

Ова го пишува адвокатот Тони Менкиноски во отворено писмо до бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, кој вчера до државниот јавен обвинител на Бугарија поднесе кривична пријава против поединци и новорегистрираните организации на Македонците во соседната држава заради непостоење на „македонско малцинство“. На листата „за отстрел“ на Каракачанов се најде и името на Менкиноски, кој долги години ги застапува макеонските организации од Бугарија пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Подигањето на обвиненија против мене и сите оние  Македонци, кои не ви наведнуваат глава на геноцидот што го спроведувате, не е нешто ново, ова трае толку долго колку што трае нашата  македонска борба, пишува натаму Менкиноски. Ние, вели тој, ниту сме Ви се плашеле , а и нема да ви отстапиме од нашата  македонска кауза.

Јас  не го разбирам вашиот страв, можеби тој  е предизвикан  од тоа дека сте под мониторинг на Советот на Европа „ за македонското прашање„ и дека Вие ќе треба да се менувате и да го признаете Македонското малцинство, кое живее на територијата на денешна Бугарија. Но, сфатете го тоа како предизвик и како пример кој ќе и користи во блиска иднина и Република Грција.

Следете го примерот на Вазов, немате потреба да се запишувате на црната страна на историјата, ние  Македонците секако ќе успееме, вели на крајот од отвореното писмо адвокатот Менкиноски.