Адвокатот Звонко Давидовиќ објаснува што значи одлуката на Апелација, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да замине во домашен притвор. Според него, постојат посебни правила на однесување кои ако ги прекрши треба да биде вратена во притвор.

Гаранција и куќен притвор се сосема два различни института со различни права и обврски. Гаранцијата значи дека осомниченото лице ќе биде на слобода, ќе може слободно да се движи и комуницира, но ако се обиде да избега или избега се активира дадената гаранција.

Кај домашниот притвор има точно утврдени правила на однесување на лицето кое е осомничено.Тоа не смее да излезе од прагот на својот дом или куќа и постојано е исложено на проверки на надележните институции.Во случај да ги прекрши правилата ќе биде вратено во притвор-oбјанува Давидовиќ.

За одлуките на кривичен и апелација

 Праксата досега покажала дека судиите од Кривичниот суд се ставени „под нога“ на Обвинителството и често пати или речиси и да не решава самостојно туку Обвинителството се наметнува со своите ставови и барања. За разлика од првостепениот Апелациски суд не е само обичен послушник и размислува при носењето на одлуките и притоа се раководи од правилото да донесе одлука која ќе значи почитување на основните човекови права и слободи и особено во ситуации кога нема опасност од бегство. Во конкретниот случај, Апелацискиот суд ги спроведува препораките на Европскиот суд за човекови права притворот да не биде казна која ќе трае бесконечно, туку само мерка за одреден временски период-додава адвокатот.