Актуелен пратеник од политичката партија ДПА Мендух Тачи, доцна синоќа учествувал во вандалски чин во Тетово, пренесува Слободен печат.
Имено, станува збор за одлепување на плакати и кршење на билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник на политичката партија Алијанса на Албанците во Тетово.
„Денес во 01.50 ч. во СВР-Тетово било пријавено дека на ул.„Илинденска“ од страна на неколку лица кои се движеле со ПМВ „Голф“ и ПМВ „Ауди“ црна боја со затемнети стакла, биле одлепувани плакатите, а во близина на бензиската пумпа на „Макпетрол“ бил и искршен билборд на кој бил истакнат кандидатот за градоначалник од политичката партија Алијанса на Албанците“.
По преземените мерки, набрзо биле пронајдени и стопирани возилата од страна на УПС и при легитимирањето било констатирано дека во едно од возилата, ПМВ „Ауди“ се наоѓа пратеникот од редовите на ДПА, Мендух Тачи.
Откако е извршена консултација со ЈО лицата веднаш биле ослободени, а по преземање на соодветни мерки настанот ќе се процесуира по редовна постапка.
Comments are closed for this post.