Независната кандидатка за градоначланичка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска ја презентира својата изборна програма.

Денеска ја презентирав мојата програма за модерно Скопје. Проектите се производ на мојата соработка со експерти од различни области направени според потребите на скопјани со реални проекции како да се спроведат.
Мојата визија е, преку брзи и сигурни решенија, Скопје да стане вистинска метропола каква што заслужува. 15 + 1 проекти треба брзо и ефикасно да го сменат начинот на живот на скопјани и да овозможат брз развој на градот, објави Арсовска на Фејсбук.

Поделена на области, нејзината програма опфаќа:

Во економијата – иницијатива за креирање на меѓународен проект за првиот информатичко-иновациски парк во државата, Скопје ИНОПАРК – современа и иновативна инфраструктура наменета за развој на високотехнолошки компании и креативни тимски работни процеси на старт ап компании.

Дигитален град – SMART СКОПЈЕ со што се опфаќа проширување на оптичката мрежа во градот, паметни системи за наводнување и осветлување на јавните простори.

Еколошка мобилност – креирање модерна инфраструктура за велосипеди со креирање на нови велосипедски патеки за безбедно поврзување на сите делови од градот.

Образованието и фокусот на младите – со што се обврзувам да биде предводник во изградба на модерна образовна инфраструктура и современи услови за учење според ЕУ стандарди.

Скопје ќе биде град на кој ќе се гордееме, град со нови паркови и зелени површини.

Градска администрација која ќе биде мотивирана и ќе посвети соодветна грижа за најмладите, за средношколците, за вработените и невработените, за лицата во социјален ризик, за лицата со попречености.

Скопје кое ќе се радува на новите спортски успеси, на фестивалите по кое беше препознатливо, по култните места кои повторно ќе го добијат својот сјај.
Скопје како модерна европска метропола!