Во oвие судбински денови за европоската иднина на македонската суверена и самостојна Република, ние, легитимните претставници на МАНУ, на МПЦ-ОА и на Универзитетот „С.Кирил и Методиј“-Скопје, изразувајќи ја нашата загриженост за исходот од развојот на настаните поврзани со евроинтеграцијата на нашата држава, условени од апсурдните барања на Република Бугарија, а убедени во фактот дека ги исполнуваме потребните предуслови за отпочнување на преговорите за евроинтеграција, ги повикуваме, и охрабруваме претсњедателот на македонската држава, Собранието на Рерпубликата, претседателот на Владата, печатените и електронските медиуми, научните, културните и уметничките институции и здруженија, соодветните министерства за образование и наука, за култура и за надворешни работи, собраниските и вонсобраниските политички партии, како и сите граѓани на Македонија:

-преговирите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, со должно почитување на меѓународното право, без никакво условување од едната или од другата страна и со почитување на достоинјството на македонскиот народ;

-да се почитуваат безрезервно сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки во врска со автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет;

-да се уважуваат не само објективните факти и научната аргументација, туку и комплексната интерпретација на историските факти, настани и личности;

-да се уважуваат сознанијата, утврдените факти, усвоените теории и емпириските истражувања на современата светска славистика, лингвистика, историографија и меѓународното право, според коишто:

а)македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат свој просторен континуитет (што значи дека македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и свој временски континуитет (што значи дека македонскиот јазик опстојувал со векови);

б)македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќевековните традициии, преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазикот, артикулираната свест за етнокултурната посебност, колективниот интегритет, почитта кон традиционалните религиски институции и наративот за пропадноста на одреден географски и историски простор;

в)споделените места на меморија на балканските и медитеранските простори подразбираат инклузивен однос, а не ексклузивно присвојување на историјата и традицијата, подразбираат интелектуална слобода, а не робување на анахроните историски стереотипи и илузии, не културен и историски хегемонизам;

г)историската вистина не е политичка догма, туку дијалошка повеќедимензионална категорија чувствителна на гледната точка, во тој контекст и на националниот интерес на секоја држава, вклујчително и на Републиката.

Имајќи ги предвид овие сознанија, ние, во име на врвните институциии што ги претставуваме, категорично апелираме:

процесот за евроинтеграција на нашата држава да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите,

-да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни Конвенции и Декларации на ОН за човековите права и слободи,

-да се почитува безусловно слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност,

-да се почитува волјата на македонските граѓани, припадници на македонската Република, да живеат во цивилизирани добрососедски односи и да се продолжи практиката на соработка меѓу културните, научните, образовните, религиските и економските инститции, и

-да не се создава конфликтен амбиент во државата, да се сочува мирот и слободниот развиток кој подразбира просперитет, алтернатива, демократија и достоинствен живот, вклучително и љубов кон сопствената татковина и држава.

Претседател на Македонската академија на науките и уметностите, академик Љупчо Коцарев, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, Стефан, ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, проф.д-р Никола Јанкуловски