Вчера околу 13 часот и 30 минути, во СВР Охрид, било пријавено дека маж паднал во  непристапен терен на потегот помеѓу „Лабино“ и „Канео“. Полициски службеници од езерската полиција, со пловен објект пристигнале не местото при што констатирале дека се работи за 57-годишно лице од Охрид.

Од полицијата додаваат дека лицето било префрлено до месноста „Грашница“ од каде со возило на Брза помош било пренесено во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.