Матурантите се уште не го прекинуваат бојкотот на наставата, но вчера до пратениците доставиле писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура. Велат дека Министерството за образование ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање.

Доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование што, како што наведува во упатеното писмо, е последниот демократски чекор. Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи вели дека бојкотот денеска го завршуваат, а утре ќе одлучат за следните чекори, односно дали ќе се вратат на онлајн-настава од понеделник. Можно е да се иницира и собраниска дебата за нивното барање.