Администрацијата да работи како и досега. Угостителските објекти и натаму да се затвораат во 21 часот. Ова се препораките кои на денешниот состанок ги усвои Комисијата за заштита од заразни болести, дознава Сител.

Комисијата одлучуваше по барањето на угостителите за продолжување на нивното работно време до 23 часот, како и по предлогот на Министерството за информатичко општество и администрација, административците од понеделник да се вратат на работа во полн состав и со полно работно време.

Препораката на Комисијата ќе биде пратена до Владата и таа ќе ја има конечната одлука по овие две барања.