Синоќа, околу 2 часот по полноќ, дошло до тежок инцидент во старата Градска болница во Скопје. Поголема група лица го нападнала медицинскиот персонал, а се судриле и со полицијата, која била повикана од болницата. Инцидентот се случил откако во болницата било донесено лице со исекотина на раката, а кратко по него упаднала поголема група лица, кои го нападнале персоналот.

Поради инцидентот, болницата не примала пациенти до утрото.

Директорот на болницата Иван Спирковски за медиумите потврди дека се случила тепачка и додаде дека вакви инциденти честопати се случуваат во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

МВР најави соопштение за деталите и мотивот за тепачката, а според неофицијални информации во инцидентот има приведени лица.