Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“- Битола, Марјан Ѓуровски, чии ставови често кореспондираат со оние на власта, овој пат изрази незадоволство од веста за денешната вакцинација на пратениците, при што професорот тврди дека народните избраници „случајно“ ќе ја добијат дозата на Фајзер.
-Вакцинацијата на пратениците е врв на хипокризијата и манифестација на нехуман однос кон сопствените граѓани! Дали некој од нив ќе ја отстапи вакцината и тоа “случајно” од Фајзер на пример за болните од рак, ретки болести или посебни потреби??, прашува Ѓуровски на социјалните мрежи.
Вакцинацијата на пратениците денеска ќе се одвива во три групи, односно од 10 до 18 часот. На 14-ти месецов беа вакцинирани собраниските служби.
Првата пратка од 10.530 вакцини „Фајзер“ пристигна во понеделникот, а втората со уште 10.000 се очекува да пристигне на 26 април.
Comments are closed for this post.