Птред денешниот најавен протест против изградба на десеткатница во скопската општина Аеродром, излезе градоначалникот на прес -конференција и порача дека ги поддржува граѓаните, но оти нема што да прави. Изјави дека неговиот став за градење на зграда со деловен и стамбен простор, останува непроменет, смета дека таму зграда не треба да има.
Ситуацијата со парцелата пред Мајчин дом е затекната и наследена, се обидовме на сите начини да ја смениме, но не успеавме, тврди Марин.
Тој додава дека и покрај десетиците претставки до уставниот суд, судот уште не донел решение за ДУП-от кој епредмет на уставна оценка.
Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи – изјави тој.
Како што рече градоначалникот мораториум за градежни активности на територијата на Општината не е решение, бидејќи тоа не постои како опција во законот. Ги посоветува новинарите да го прашаат градоначалникот на Центар како донел мораториум на градбите во неговата општина, иако тоа не постои во законите.
Според него планот со кој се предвидува изградба на зграда со девет ката пред Мајчин дом е донесен во април минатата година од претходната власт. Градежната дозвола е издадена во октомври, а правосилноста е добиена вчера.
На приземјето е предвидено да има деловен простор, а останатите осум ката да бидат за станбено домување.
Вели дека размена на земјиште не може да се направи бидејќи инвеститорот бара огромна сума на пари, што би ја блокирало Општината следните четири години.
Знаев дека ќе дојде до ваква реакција кај жителите на Аеродром. Затоа вечерва повикувам претставници од протестот да дојдат кај мене во Општината да разговараме и да се разбереме подобро, порача тој.
Смета дека со неколку негативни коментари на Фејсбук не ја изгубил довербата од жителите на Аеродром што му ја дадоа на последните локални избори.
За тоа во чија сопственост е земјиштето, градоначалникот упати прашањето да се постави во Катастар.
Comments are closed for this post.