Сенатот на САД го потврди именувањето на Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Македонија.
Брнс во ноември минатата година беше номинирана од претседателот Трамп за нова амбасадорка на САД во нашата земја, на местото на досегашниот амбасадор Џес Бејли.
Пред гласањето во Сенатот таа го помина и филтерот на Комисијата за надворешни односи при Сенатот.
Таа e дипломат од кариера. Досега беше на позицијата заменик шеф на мисијата на САД во Атина. Претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ, во Виена.
Засега не се соопштува кога Брнс се очекува да ја прземе должноста во Амбасадата во Скопје. Досегашниот американски амбасадор во земјава, Џес Бејли си замина од функцијата на крајот од февруари, годинава.
Comments are closed for this post.