Најостро ги осудувам ваквите вандалски однесувања, особено кога доаѓаат од страна на овластени службени лица, во овој случај полициски службеници, вели во свој статус на Фејсбук, кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
– Класичен пример како не треба, за жал со ова се потврдуваат многуте тврдења на локалната самоуправа дека тој кој што со закон е обврзан да го прави редот, прв и во континуитет го крши.
– Работите одамна избегаа од контрола, не ни очекувам било што да корегираат, освен да се фалат со безбедноста на хартија и на партизирани настани и да не замајуваат дека живееме во најбезбедна држава во која со калашникови како на филм се убиваат, но спас има и од вас како и од тие пред вас на ист начин, на избори, народот ќе ве смени.


Возилово на МВР е паркирано преку тревникот и живата ограда на тротоарот и велосипедската патека на влезот на градот на новиот кружен тек на бул. Трета МУБ, а на десет метри на спротивната страна од улицата има новоизграден паркинг простор кој во овој момент е полупразен. Навистина “убав пример за граѓаните”, а подоцна ќе барате од Општината да свикува совет за превенција преку кој наводно ќе ги едуцирате возачите на совесност, невидена хипокризија…
Со вашиот непрофесионализам, полуписменост и лукративност ги елиминиравте професионалците, институциите станаа ваш заложник, а ние секој ден се повеќе се срамиме од вашите институции кои ги приватизиравте.
Благодарам на граѓанинот, кој совесно го пријави ова до мене, а јас во интерес на јавноста го споделувам со Вас, стои во постот.