Мелиса Гава е Бразилка, која заедно со својот сопруг, Македонецот Александар Стојаноски, се ѕвезди во македонската заедница во Сао Паоло, но и во цел Бразил.
Причина за нивната слава е што Мелиса стана добитник на наградата на Националниот совет за правда на Бразил, што е највисокот бразилско признание во правниот сектор, за спроведување на активности за модернизација на правниот систем, кои придонесуваат кон приближување на спротивставените странки, со цел да се дојде до нивно помирување, и следствено, преку тоа да се постигне подобрување на правдата во земјата.
Заслугите за добивањето на оваа престижна награда, Мелиса ги заслужи преку работата на фирмата „Медијација Онлајн“ (Mediação Online), чијшто извршен директор е токму оваа македонска снаа.
Свое место на меѓународната стартап сцена има и нејзиниот сопруг Александар, чија активност во моментов е насочена во стартапот „Лобстр Бразил“ (Lobstr Brasil).
Како што истакнуваат од македонската амбасада во оваа јужноамериканска држава, испраќаат искрени честитки за наградата и ги очекуваат идните успеси на Мелиса и нејзиниот сопруг.
Comments are closed for this post.