Македонските граѓани се под закана да им биде забрането патување во земјите од Европската Унија поради лошото справување на властите со епидемијата и наглото зголемување на бројот на новозаразени од Ковид-19, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради Заев и Филипче кои не преземаа мерки навремено, Македонија од утре се соочувa со нова забрана од ЕУ за патување.

 

Поради високиот број на заразени кој можеше да се превенира со навремени мерки, македонските граѓани ќе се соочат со неможност нормално да патуваат во ЕУ.

 

Забраната може да значи целосна забрана за неесенцијални патувања, нои огромни процедури и за оние граѓани на кои патувањето им е неопходно – велат од партијата.

Оттаму додаваат дека ваквата ситуација е резултат на инаетот на Заев и Филипче, кои одбиле да прифатат каков било совет и поради тоа сега сите граѓани ќе страдаат.

Заев и Филипче не ги послушаа советите на ВМРО-ДПМНЕ навремено да воведат построги правила при влез, како што е задолжителното тестирање, и масовна вакцинација со голем број на пунктови, и сега нивниот инает го плаќаат сите.

 

Македонија повторно трпи загуби заради неукоста и инаетот на двајца луѓе – Заев и Филипче.

 

Време е за одговорност за сите пропусти. Време е за промени – велат од ВМРО-ДПМНЕ.