Глобалните апликации за следење на загадувањето, синоќа го сместија Скопје на шестото место на листата најзагадени градови во светот.
Сумата на сите измерени вредности од сензорите во Скопје изнесувала 160, што покажува екстремно висока загаденост на воздухот.
Мерните станици регистрирале највисоки концентрации кај Ректорат со 240 пм10 честички на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното. Денеска во 11 часот на истата мерна станица изнесува 82 микро грами на метар кубен.
Неколкукратно над дозволеното беше загадено и во Струмица, Битола, Куманово Гостивар, Кавадарци и Тетово.
За потсетување, мерните станици во Лисиче и Гази Баба, кои важат за едни од позагадените реони во земјава, веќе подолго време не се во функција.
За проблемот со загадениот воздух во Скопје и останатите градови, и што можеме да направиме со тоа, Пресинг ТВ разговараше со еко-активистот Горјан Јовановски креатор на аликацијата „Мој воздух“ кој ја открива вистинската причина за загадувањето.
Comments are closed for this post.