Премиерот Зоран Заев денеска ги презентираше нацрт-амадманите за промена на Уставот. Тој уставните измени ги оцени како ништо страшно употребувајќи го зборот „fair enough“. Според него, овие промени се во духот на Договорот од Преспа и за содржината редовно била информира грчката страна.

Иако до пред само неколку дена говореше дека Рамковниот договор веќе бил дел од Уставот и дека немало потреба Пандорината кутија да се шири, Заев повторно го смени мислењето и сега убедува дека кога веќе се отвора Уставот треба да се стави и Рамковниот договор во Преамбулата.

Исто така Заев ги потврди дека наместо одлуките, во Преамбулата ќе влезе прогласот од АСНОМ поради делот кој им пречел на соседите и каде се бара обединување на Македонците од Бугарија и од Македонија.

Тоа не е во согласност со новите принципи на градење на пријателство со соседите па затоа сега во Преамбулата ќе стои прогласот на АСНОМ.Прогласот го нема тој дел и тоа е фер пристап на градење на пријателство со соседите-нагласи Заев.

Во врска со уставните измени Заев се надева дека поддршката ќе се зголеми и дека веќе разговарал со пратеници од опозицијата, но не сакаше да ги каже нивните имиња. Го спомена само пратеникот Панчо Минов.