Toплото време не беше пречка стотици граѓани и денеска да се соберат пред владата за да го изразат незадовоството од намерата на власта да го прифатат францускиот предлог.

Се скандираше „Оставка, оставка“ и „Никогаш Cеверна, само Македонија“ и се чекаше доаѓањето на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој ќе присуствува на владината седница.

Граѓаните сите до еден се јасни дека нема да се откажат се додека власта не се откаже од францускиот предлог. Остануваат и шаторите спроти владата.

Следниот собир е денеска во 19 часот на кој се очекува најголем број граѓани.