Што е тоа што толку ја погоди Софија во Резолуцијата на ЕП донесена во октомври годинава??
Таа е достапна јавно на сајтот на парламентот и генерално е посветена на слобостите во владеењето на правото во Бугарија, а меѓудругото ја критикува и за состојбата со човековите права.
Во резолуцијата се наведува дека институциите на Унијата се загрижени поради бројните пресуди против Бугарија за малцинствата и нивното непочитување од страна на бугарските власти.
Европскиот парламент ја повикува Бугарската Влада да ја подобри соработката со набљудувачите за почитување на човекови права и да ги преземе сите потребни мерки за заштита на правата на малцинствата ефикасно, особено правата на слободата на изразување и слободата на здружување, преку спроведување на пресудите од европскиот суд за човекови права. – стои меѓудругото во еден од членовите на резолуцијата, каде во фуснотата се додадени пресудите за македонските здруженија.
Резолуцијата ја актуелизираше бугарскиот прмеиер Бојко Борисов, кој и по средбата со Османи и во интервјуто за ФАЦ, ја посочи како еден од главните проблемите на реалција Скопје-Софија.. Поради тоа, Бугарија бара јасни пишани гранции од Македонија дека нема македонско малцинство.
Но, адвокатот кој ги застапува дел од македонските здруженија пред судот во Стразбур Тони Менкиновски, за Канал 5 вели дека Македонија нема таква надлежност, бидејќи станува збор внатрешен проблем и бугарски државјани кои се чувствуваат како Македонци.
Сепак, засега нема никакви сигнали дека Софија планира да ја постапи по Резолуцијата. Европретеникот од бугарското ВМРО, Ангел Џамбаски, во последното интервју рече дека нема да биде изненадување ако поради тоа им бидат скратени и парите од европските фондови..
Да не се поврзе тоа со европските пари, тоа е клучното бидејќи гледаме дека парите, сите држави во моментот се борат за што повеќе пари, криза е, се говори за обврзување со почитување на владеење на правото. Тој текст за ОМО Илинден е дел од владеењето на правото. Да не дојде до тоа, признајте ги – ќе има пари, не ги признавате – нема пари? / До тоа ќе дојде, да не се лажете, немојте да се лажете,вели Ангел Џамбаски – Европратеник од Бугарија.
Македонија со Договорот за добрососедство, се откажа од било какви претензии за мешање во внатрешните работи на Бугарија и за штитење на права на луѓе кои не се македонски држвајни, а генерално истото во Уставот е превдидено за сите соседи.. Дали се планира нов чекор на овој план, засега останува непознато.
Во екот на дебатата, денеска лидерто на Алијансата на Албанците Зијадин Села ја повика БУгарија да го признае македонското малцинство, како почеток на вистинско добрососедство..
Comments are closed for this post.