Двете држави, Македонија и Бугарија, се посветени кон унапредување на севкупните односи, констатирале на денешната средба во Сараево претседателот Стево Пендаровски и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, двајцата соговорници изразиле задоволство што Договорот за добрососедство, пријателство и соработка внел позитивна динамика во политичките односи меѓу двете земји, што се рефлектира и во останатите области.

Претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката од Република Бугарија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија и го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, стои во соопштението.