Владата, Заев, Филипче и СДСМ го лажат народот и два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини, обвинува најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Ако Филипче и Заев два месеци тврдат дека обезбедиле вакцини зошто во Македонија не виде јавноста ниедна вакцина и зошто не е почната имунизацијата на граѓаните? Зошто Македонија е последна во регионот и Европа која ќе набави вакцини? Како успеаја Албанија и Србија да набават вакцини, а Заев и Филипче не успеаја да набават? Каде се вакцините од Бугарија кои Филипче ги најавуваше? Каде се вакцините кои Грција требаше да ги набави за нас, за кои говореше Заев?, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според најголемата опозициска партија, СДСМ, Филипче и Заев лажат, но тоа не е најстрашно. Најстрашно е што поради тоа што лажат и се неодговорни луѓе се разболуваат и умираат.
Comments are closed for this post.