Здруженија кои се противат на референдумот, под слоганот  „Македонија бојкотира“ попладнево објави дека до 15 часот, според нивните набљудувачи, излезноста е околу 19 проценти.

Од „Македонија бојкотира“ посочија дека групи на луѓе, како што рекоа, пратени од штабот на власта, користеле закани  да се излезе на гласање. Како мета ги наведоа Битола, каде биле забележани 100-на возила со скопски и тетовски регистарски ознаки, Ѓупско Маало во Струмица и во Шуто Оризари.

Од здружението тврдат дека лидерот на ДУИ Али Ахмети не ги пушта Албанците на гласање и дека попладнево остварил средба со Зоран Заев, за како што велат  да се испазари за нешто крупно. Се сомневаат дека тоа е за Албанец кандидат за претседател, а за возврат да нареди масовно полнење на кутиите во последните три часа од гласањето во општините со доминантно албанско население.