Македонските државјани кои се во странство реагираат до министерството за надворешни работи дека споро оди постапката за продолжување на патната исправа.

Тие велат дека поради короната не се во можност да дојдат во родната земја, а пасошот им е неопходен за да ја продолжат визата во земјата во која претстојуваат, а тоа пак им е директно поврзано и со работното место.

По речиси една година прекин, екипи од министерството за надворешни работи почнаа да ги обиколуваат македонските конзулати и амбасади. Тоа најнапред се  направи со европските земји, а во следниот период на ред се САД, Азија и Блискиот исток.

Но, од МНР бараат трпение бидејќи не можат секаде да стигнат а барања има многу. Затоа советуваат дека оние кои можат да дојдат во Македонија и тука да ги извада сите потребни документи бидејќи не можат да гарантираат точен рок кога ќе им бидат испорачани во земјата во која претстојуваат.