Мерните станици низ државава од утринава мерат висока загаденост на воздухот. Најзагаден е воздухот во Скопје а високо загадени се и Струмица, Битола, Тетово, Гостивар, Кочани и Кичево. Помало загадување има во Велес и Дебар, покажуваат податоците од мерните станици.
Мерењата презентирани на оваа апликација највисоко ниво на загаденост покажуваат кај Ректорат и во Карпош а рекордно ниво регистрираа во Битола.
И Според Ер вижуал, специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје е на седмо место во светот според нивото на загаденоста.
Скопје и синоќа беше меѓу десетте најзагадени светски градови.
Comments are closed for this post.