Скопјани и вечерва дишат отров. Главниот град е меѓу 10-те најзагадени градови во светот, покажуваат резултатите интернет порталот „Ер вижуал“, каде што се претставуваат збирните податоци од мерните станици во целиот свет.

Мерните станици покажуваат дека во просек воздухот во главниот град е загаден со ПМ10 честички за три до четири пати повеќе, отколку што е дозволено.

И во Битола вечерва мерните станици покажуваа енормо загаден воздух,  601 микрограми на метар кубен ПМ10.