„Tреба да почнеме ново време, нашата Европска Македонска Република. Можеби мала но рамноправана, квалификувана, достоинствена и почитувана. Верувајте нив никој не ги почитува, но нашиот срам е што преку нив не гледаат нас. Затоа преку сите функции каде што ќе имам ингенренции ќе ги имаме најумните деца на вистинските вредности. Вреди да се верува во правото и правдата за Македонија“, рече Гордана Силјановска Давкова на вечерашниот митинг во Радовиш.

На Владата и порача дека не ќе може веќе вака после 21 април, особено не ќе може после 5 мај, затоа што тогаш ќе стигне демократската пресуда на народот.

„Деновиве кога разговарам со граѓаните од една страна сум пресреќна бидејќи имам увид во проблемите на мојот народ, меѓутоа од друга страна сум толку тажна кога ќе чујам што се не е решено во овие два ипол години, а ветено, а со што се се китат“.

Професорката потенцираше дека се обиделе да ги измамат граѓаните со живот, меѓутоа не само што не донеле живот, туку и им го загрозиле животот на граѓаните.

„Тие се во некој политички сон, знаат дека уште малку им преостанува, па затоа гледаат сите можни средства да ги употребат. Па не убедуваат дека НАТО е на прагот дека тоа ќе биде крај на безбедносните промени, но не е доволно да го истакнете знамето на НАТО пред владата, далеку сме од тоа за тоа треба силна работа, треба да станеме силни стратешки, економски, за да водиме евроатланска регионална политика“, рече Силјановска.