Власта на СДСМ не бира средства да привлече гласачи знаејќи каков е нивниот рејтинг. Се нудат вработувања на сите страни бидејќи програма и проекти и онака немаат.
Па така, министерот за земјоделство Љупчо Николовски на 27 јануари распишал оглас за вработување на определено време на една година за 38 лица.
Ова не би било ништо невообичаено ако не се знае дека еден ден претходно владата си даде оставка за да се избере техничката. Веќе на 28 јануари, еден ден по огласот на Николовски се избра техничката влада.
Но, за Николовски тоа не било проблем и објавил оглас дека бара 38 помлади соработници, референти, како и советници за сите подрачни единици.Ова е објавено и на веб страната на Министерството за земјоделство.
Comments are closed for this post.