Вчера во еден медиумите можеше да се види новинарски прилог за тутунската мафија во Крива Паланка, мафија за која што говориме подолго време, но институциите се слепи и глуви. Што можеше да се забележи?, ова денеска преку прес-конференција го прашува Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа тутунска мафија за која има и предмет во царинската управа, но и во ЈО, нормално се контролира целиот процес е заштитена од оној кој што се јави неповикан да се пере од потенцијалниот криминал, Љупчо Николовски, вицепремиер за спречување корупција, човекот кој што ја шири корупцијата, кој беше министер во времето токму кога е шверцуван овој тутунот за кој што говориме Молкот и непостапувањето на институциите за над сто тони шверцуван тутун, за кој не сакаше да каже ни увозникот Тројановски, кој е близок пријател на Николовски, каде завршил, на кој бил продаден тутунот, во која форма и дали можеби завршил во Арачиново? Избегнувањето на одговорите и бегањето од одговорност бидејќи сега ги штити власта за ваквиот криминал, не значи дека нема да следи одговорност за сето ова понатаму. Ова е криминал од милионски размери кој што не може да остане вака, потенцира Арсовски.
Тој додава дека дополнително, неповиканиот Љупчо Николовски, со своите манипулативни реакции и изјави, и заради страв да не биде откриен до крај целиот скандал и можеби некој народски кажано пропее кој ја аминувал оваа акција, со тоа со овој страв ја потврди неговата вмешаност од тоа време.
-Само исплашен човек кој е замешан во ваков скандал реагира вака, неповикан да се објаснува и заканува на медиуми и новинари. За тутунската мафија мора да има одговорност, а овие политичари кои што себеси се сметаат за многу моќни треба да ги тргнат рацете од новинарите и да ги остават да си ја работат својата работа како што треба. Прашањата кои што ги поставуваме за овој скандал се сеуште истите, и институциите треба да одговорат.
Тоа се:
Каде завршил тутунот и дали завршил во Арачиново?
Дали аминувал ваква операција за шверц на над 100 тони тутун, а можеби и повеќе Љупчо Николовски преку Димче Тројановски?
Колку пари сите инволвирани кои и да се имаат заработено од оваа акција и операција за шверц на тутун?
Колку пари ја оштетиле сите инволвирани државата, но и чесните тутунари кои што мака мачат да го продадат својот тутун?, прашува Арсовски.
Тој додава дека додека ЈО отвори случај и сеуште се обидува нормално да го прикрива и да не дава информации на јавноста и медиумите, антикорупциската сеуште спие и не презема ништо. Ова е комисија која што внимавајте беспредметно и без потребно ги троши парите на граѓаните за свој личен луксуз и високи плати.
Comments are closed for this post.