Свечената литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, што ќе биде одржана за време на посетата на папата Франциск на државата на 7 мај, ќе биде одржана на македонски јазик, додека неговиот говор и традиционалната порака ќе бидат на италијански и латински јазик, дознава Пресинг ТВ.
Ова стана познато по денешната прва средба со новинарите на државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, и првиот човек на Католичката црква во Македонија, бискупот, д-р Кирил Стојанов, на која беа претставени првичните информации за посетата на неговата светост, папата Франциск.
Се подготвува настан од историско значење за земјата, и за граѓаните од сите верски и етнички задници, настан кој во време на интеграции на земјата ја засилува внатрешната кохезија. Посетата на папата ја гледаме и како директен придонес на регионалниот и светскиот мир и како признание за улогата што Република Северна Македонија ја има во овие процеси“, рече Димовски.
Папата ќе пристигне на аеродромот во Скопје во утринските часови на 7 мај, со што ќе биде одбележана и 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи на Македонија со Светата столица. Официјалната церемонија ќе биде одржана во претседателската палата на Водно, каде ќе биде одржана екуменска и меѓурелигиска средба на млади од целиот свет. Потоа ќе следува и средбата со премиерот Зоран Заев и високи претставници на други државни институции и граѓанскиот сектор.
Во спомен-куќата на Мајка Тереза, Папата Францис ќе има средба со водачите на сите верски заедници, како и со сиромашните граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност.
Вниманието на Папата е насочена на прво место на малиот човек. Во неговата свест не постои безначаен човек, изјави монсињор Стојанов.
Првата, историска, па и милениумска посета на папата Франциск на Македонија има непроценливо значење за државата и нејзините граѓани и значи директен придонес кон регионалниот и светски мир. За пријавување на присуството на свечената литургија, МНР отвори посебна веб-страница www.papa.mk.
Comments are closed for this post.