Во името на над 32 илјади граѓани до Државната изборна комисија ја доставивме кандидатурата на Стево Пендаровски, за претседател на сите граѓани. Горди сме што за само еден ден, со свој личен потпис огромен број граѓани застанаа зад оваа кандидатура. Несомнено кажано оваа кандидатура на Стево Пендаровски е избор на сите граѓани на Република Северна Македонија, истакна денеска шефот на изборниот штаб Александар Кирацовски.

Стево е избор за Претседател на сите граѓани, за сигурна, стабилна, безбедна и напредна Република Северна Македонија.

На граѓаните, на нашата држава потребен им е претседател првенствено кој што обединува, кој што работи чесно и професионално, и кој што ги штити интересите на граѓаните и државата-истакна Кирацовски.