Познати се имињата на членовите на работната група која ќе треба да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот, чиј предлагач е Владата.

Министерството за правда вчера го објави тимот експерти кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Експертската работна група ќе ја сочинуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право,

Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со коментар за составот на експерите. Оттаму велат дека наликува на општинска организација на СДСМ.

Сали Мурати, претседател на Уставниот суд пред Кацарска е судијата кој им ги зголеми платите на судиите под образложение дека се гладни, а самиот тој тежи куќа во гостиварско, стан во Гостивар и стан во Скопје.

Како независен експерт власта ја продава и Беса Арифи, сестра на долгогогидишниот функционер на ДУИ и градоначалник на Тетово, Теута Арифи, но и Маргарита Цаца Николовска, кадар на СДСМ од претседател на ДИК, судија до судија во Стразбур.

Бајрам Положани, дежурен подржувач на криминалното СЈО, кој не испушташе дебатна емисија да дава легитимитет на обвинителите криминалци.

Ана Чупеска, која себе се претставува за експерт, а во слободно време поддржува повици за апсење на новинари и нивно затворање. Самата Чупевска даде поддршка на Бранко Тричковски кој се придружи во хајката на Ахмети кон новинарите на националните телевизии како Телма и Алфа.