ВМРО-ДПМНЕ бара власта на Артан Груби и Димитар Ковачевски да го објави договорот за изградба на коридорите и истиот да биде покажан пред јавноста. Според партијата не би смеело да има тајни клаузули кога во прашање се милионски суми народни пари.

Криењето на договорот значи само едно, криминалното дуо Груби-Ковачевски има направено штета на граѓаните и на државата. Да немаше ништо контроверзно и криминално во договорот Груби и Ковачевски досега ќе го објавеа. Наместо да се грижат за интересите на граѓаните и Македонија, тие ги прифатиле сите позиции на приватна компанија и на тој начин го штителе нејзиониот интерес. Имено тие според догвоорот кој не сакаат да го објават, презеле обврски кон компанијата да изменуваат закони, меѓу кои и законот а работни односи,стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, крими тандемот Груби-Ковачевски се обврзал да го промени овој закон, а во спротивно ако не го направи треба да бидат исплатени 53 милиони евра еднократно и дополнителни 2,1 милион евра секој месец додека трае изградбата, која патем би била пролонгирана.

Вкупната штета која Ковачевски и Груби се нафатиле да ја исплатат со народни пари според одредбите од договорот е околу 200 милиони евра. Секоја приватна компанија сака да го максимализира профитот, а секоја Влада треба да го штити интересот на народот и државните финансии. За жал, тоа не е случај со оваа власт на Ковачевски и Груби. Тие одат против Уставот, против Уставниот суд, против законите, против граѓаните, против се, само на сила да го направат тоа што го намислиле на грбот и преку џебот на народот. За ова мора и ќе одговараат, стои во соопштението.