Македонија ја води трајно неспособен премиер или премиер, кој лажел и приложил документ за да ја избегне законската обврска за служење на воен рок. Трајна неспособност е состојба која може само да се влошува, а не да се подобрува, рече на денешното обраќање до јавноста Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако состојбата на дезертерот Ковачевски можела да се поправи, тогаш дијагнозата ќе била времено неспособен, а не како што е заведен трајно неспособен. Со трајна неспособност човекот не може да ги извршува своите работни задачи во текот на денот непречено, и тој мора да подлежи на паузи, кои може да бидат и подолги.

Македонската јавност останува без одговор на прашањата за тоа кога лажеше премиерот: Тогаш кога изјави дека не бил во војска затоа тоа што бил на студии или тогаш кога го приложуваше документот дека е неспособен.