Приватните патувања на членовите на моето семејство никогаш не биле на товар на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски прашан дали дали на товар на државата во САД патувал и неговиот син.

На патувањата кои одам, зависно од поканата и од протоколот, како што е случајот и со други претставници на власта, сум придружуван од мојата сопруга, зависно од тоа дали има покана и настан на кој ќе присуствува, а приватните патувања на кои патуваат другите членови на моето семејство никогаш не биле на сметка на Буџетот на Република Cеверна Македонија, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по означувањето на почеток на новата инвестиција на компанијата „Магна“ во Штип.

Доколку е потребно, рече Ковачевски, за секое нивно патување ќе и доставувам сметки на јавноста но сметам дека тоа е беспредметно.

Моите деца патуваат како и сите други деца. Доколку е потребно за секое нивно патување кога посетуваат роднини или како на пример мојот син игра фудбал и често оди во странство, ќе и доставувам сметки на јавноста, меѓутоа сметам дека тоа е беспотребно со оглед на тоа што како и сите други граѓани во државата, секој има право да патува во рамки на своите приватни активности, изјави Ковачевски.