МВР побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа што и како се случи затворената седница на парламентарната Комисија за надзор над безбедносните служби да биде пренесувана во живо и потоа тие да можат да продолжат и да ја завршат својата работа во Парламентот, повика уште еднаш денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали некој ќе сноси одговорност за давањето државјанство на Украинецот Олесандар Онишченко.

 

Ковачевски повтори дека имало затворена седница на Владата, но дека детали не може да соопшти.

-Јас веќе ви кажав дека имавме затворена седница на Владата на која што информираше директорот на АНБ во детали како се случило на Влада да бидат донесени четири позитиви мислења врз основа на кои што е донесена одлуката, бидејќи четири позитивни мислења имаше за тој случај, врз основа на целата дискусија која што таму се водеше, а за која што за жал не можам да ве информирам со оглед на тоа дека се работеше за затворена седница на Влада и давање информации од затворена седница на Влада е казниво дело со затвор од една до пет години. Владата донесе одлука согласно законот да отпочне активности за одземање на државјанството на посоченото лице, рече Ковачевски.

Освен што го повика МВР побрзо да ја заврши истрагата за она што се случи на комисиската расправа, премиерот рече дека кога и како ќе биде завршена во Парламент дискусијата „се уредува врз основа на правилата коишто важат за Собранието