Откако СДСМ вчера ја утврди оставката на лидерот Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, прв кој најавува кандидатура за партиски лидер е Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите.
Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истакнати членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател – вели Ковачевски во изјава за Фокус.
Comments are closed for this post.