По последното барање на бугарскиот премиер Кирил Петков, кој вчера рече дека очекува во најскоро време во македонската влада да се формира установа за заштита на правата на Бугарите, премиерот Димитар Ковачевски денеска со одговор дека во Македонија постојат такви институции и дека може да се зголеми дополнително нивниот капацитет.
– Ние сме држава која го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на високо ниво и единствената во Европа која има министерство за помалите етнички заедници, од користење на јазици до еднаков пристап на вработувања во јавниот сектор, преку институции, програми, а тука е и канцеларијата на омбудсманот која се користи за правата на сите граѓани. Капацитетот на институциите може да биде во секое време зголемен, тоа го предвидува и нашиот Устав, каде се вели дека секој граѓанин има право на личен и професионален развој, рече денеска Ковачевски пред медиумите.
Вчера Петков побара посебна институција наменета единствено за правата на Бугарите како последен од низата предлози кои во последно време доаѓаат од Бугарија.
-Сите Бугари знаат дека Македонија на долг рок мора да биде дел Европската унија. И сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во Македонија мора да бидат заштитени. Поентата е да се ослободиме од оваа политичка реторика и да работиме. Очекувам во најскоро време С. Македонија да направи некаква институција во склоп на нивната влада за правата на Бугарите, рече Петков.
Comments are closed for this post.