Ковачевски мора да понесе одговорност и да поднесе оставка, откако виде дека цела држава се крена против него ретерираше, францускиот предлог е и со негов потпис, сметаат од ВМРО ДПМНЕ.

Ковачевски 6 месеци го преговарал и договорил последниот предлог кој доколку не беше реакција на народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе де прифатеше и ќе значеше бугаризација за државата. Од Ковачевски пред еден месец биле побарани забелешки на предлогот, тој немал ниту една.

Ковачевски сакаше да го протурка предлогот на мала врата, затоа и целиот процес го водеше тајно, без почитување на македонските интереси.

Откако е фатен жив како преговарал и договорил предлог кој е во корен спротивен на македонските интереси, тој ретерира и манипулира, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Ковачевски не може повеќе да го лаже народот. Интелектуалците, академската заедница, новинарите, колумнистите и ВМРО-ДПМНЕ го разоткрија и не дозволија бугаризација на државата.

Ковачевски треба веднаш да си поднесе оставка. Потребни се избори. Ковачевски, но и СДСМ и ДУИ немаат никаков основ да продолжат да ја водат владата, велат од ВМРО ДПМНЕ.