Премиерот Димитар Ковачевски денеска на заедничката прес конференција посочи дека во ваква форма, францускиот предлог не е прифатлив за Македонија.
„Предлогот во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за владата, за коалиционите партнери и за граѓаните на Македонија“, порача Ковачевски.
Тој изјави:
„Македонија е кандидат 17 години.Еве сме тука денес, а преговоротие не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успева да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.
Билатералните прашања не смеат да станат мултилатералрен проблем. Како земја која е посветена на заеднишко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности.Месеци наназад го посветувавме времето кон иднината. Бугарија реши да се врати во
минатото и повторно да поставби блокада која никому не оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања. Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас“
Comments are closed for this post.