Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат со одбрана на криминалот на режимот и да се посветат на иднината на државата и на сите нејзини граѓани. Овие денови, преку презентираните докази во судските постапки, за еден од случаите поврзани со зделките за автопатиштата, целата јавност има увид како поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ безмилосно ги кршело законите, обвини ратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

На штета на граѓаните и само заради лично богатење,како што рече Костадинов бил заобиколен законот за јавни набавки, а штета врз буџетот со директниот договор, како што е соопштено, со една кинеска фирма, е над 155 милиони евра.

Граѓаните се сведоци дека биле промашени трасите, не биле соодветно предвидени и планирани тунели, свлечишта, клучки и низа други грешки, како на пример на автопатот Кичево-Охрид, што повлече дополнителни средства на граѓаните за санирање на штетите. Владата предводена од СДСМ ги решава проблемите наследени од партијата на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. Денес се гради по план, законски, транспарентно и се е на увид на јавноста. Интензивно се санира кастрофата што ја остави ВМРО ДПМНЕ, се обновува патната инфраструктура ширум Македонија и се работи во интерес на граѓаните, рече Костадинов.

Амнестија за криминал нема и не смее да има, повтори Костадинов.

Тој го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на процесот во собранието што води во НАТО и ЕУ.