Единствениот фокус на антизападниот пион Христијан Мицкоски останува одбраната на криминалот на Никола Груевски, обвини портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој верува дека вчерашниот протест за поддршка на Никола Груевски е организиран од ВМРО-ДПМНЕ.

Протестите пред Судот во Скопје и собирите пред домови на пратеници, организирани од антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ го потврдуваат тоа, ја покажуваат спрегата Мицкоски-Груевски.На протестот пред Судот неслучајно беа присутни пратеници и членови на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Драган Данев, Јохан Тарчуловски, Невенка Стаменковска, Зоран Илиоски, се само дел од функционерите наантизападното ВМРО-ДПМНЕ кои синоќа го бранеа криминалот на нивниот ментор Груевски, рече Костадинов.

Протестот како што истакна Костадинов,  беше предводен од Александар Трајковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ и еден обвинетите во случајот насилство во Општина Центар, предмет каде што меѓу обвинетите е и Никола Груевски.

Со синоќешните протести пред домовите на пратениците се докажа дека ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се далбоко заглавени во матрицата на Никола Груевски, потенцираше Костадинов.