Ѓорге Иванов со денови молчи и се крие од јавноста. Тоа е однесување на нечесни политичари чие што време помина, вели портпролот н ССМ, Костин Костинов.

Тој побара Иванов да го прекине молкот за информациите дека неговиот син купил два стана од над 200 квадратни метри на атрактивна локација на Водно.

„Со кои пари неговиот невработен син ги купил становите на Водно? Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во анкетниот лист? Особено што се појавија информации кои говорат дека во истата зграда на Водно, два лукзусни стана купил и шурата на Иванов“, изјави Костинов.

Костинов истакна дека граѓаните нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси.