Портаролот на СДСМ, Костадинов на прашањето дали и тој бил член на Меѓународниот сојус за Бојан Јовановски вели дека покрај него во сојузот членувале и други познати личности како што е поранешниот британски амбасадор Чарлс Герет и кошаркарот Владо Илиевски.

Во  тој “Меѓународен сојуз” како невладина, хуманитарна организација, сум бил учесник како почесен член, но добро е да се напомене дека таму членувале и поранешниот Амбасадор на Велика Британија, г-динот Чарлс Герет, таму членувал и нашиот познат кошаркар, Владо Илиевски, и многу други личности, за кои јас ве уверувам, дека во тоа време, не сме имале никакви индиции, дека некој од основачите на меѓународниот сојуз се обидува да стори криминал. Апсолутно го отфрлам сето тоа, а дополнително, доколку има било какви индиции, стојам на располагање на институциите кои што се надлежни-објаснува Костадинов.

П3: Портпаролот вели дека немал информации за градење на тој дом за пензионери, старечки дом во Битола?

Од активностите на “Меѓународен сојуз”-Скопје, сум бил присутен на основањето и на уште еден состанок организиран од“Меѓународен сојуз”-Скопје. Од тогаш па натаму, не сме биле свикани ниту на еден состанок и јас не сум во тек, како почесен член, можеби од таа причина и не сум присуствувал на ниту еден друг состанок, ниту пак знам какви активности се договарале во рамките на невладината “Меѓународен сојуз”-Скопје.

На прашањето за можна вмешаност на членови на СДСМ,Костадинов вели дека тоа засега се само сомнежи.

Веројатно дека ова е сомнеж. Јас ги повикувам надлежните институции до крај да ја спроведат целата постапка, во транспарентна постапка. Доколку се утврди било каква одговорност, и од наш член, секако дека сме подготвени согласно и Декларацијата која што донесовме на последниот Централен Одбор и ја потпишавме како Социјалдемократски Сојуз, апсолутно цврсто стоиме на ставот за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Без разлика дали станува збор за член или функционер на СДСМ.