Радио телевизија Косово тврди дека до нив стигнала информација за обид за атентат од српски структури на косовскиот премиер Албин Курти, за време на неговата посета во Скопје.

Во изјава за косовските медиуми тој кажал дека не се чувствувал загрозено во Македонија, но зебележал големо полициско обезбедување на вчерашниот состанок на сестринските социјалистички партии, на кој специјален гостин беше претставникот на германската Социјал демократска партија, Ларс Клингбајл.

Извори од косовските безбедносни служби, за РТК кажале дека веднаш после вчерашната седница на советот за безбедност на ОН, добиле податоци дека српски сили се обидуваат да извршат атентат на Курти во Скопје.

Македонското МВР ги демантира ваквите наводи во косовските медиуми.

-При посетата на премиерот Албин Курти, на Скопје, немало обид за атентат врз него. Посетата на премиерот Курти беше организирана според однапред одредени правила и безбедносни проценки, соопштија од МВР.

Курти потврди дека имало закани кон него за време на неговиот престој во Скопје кои доаѓале од поединци и структури кои, како што рече, имаат корени од официјален Белград. Сепак Курти изјави дека не се чуствувал загрозен.