Претставници на македонскиот дел на граничната Комисија за Сектор 3 и 4, заедно со претставници на грчките министерства за внатрешни работи и за одбрана завчера излегле на терен и констатирале дека се изместени и оштетени гранични камења во должина од 12 километри, информира денеска Министерството за надворешни работи.
МНР ова го објави во врска со информациите за оштетување на гранични камења на граничната линија на македонско-грчката граница од ГК 132 до ГК 147.
Претходно грчката полиција соопшти дека непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин.
Инцидентот е потврден и од страна на македонското МВР.
Во тек е постапка за расчистување на случајот и обновување на оштетените гранични камења.
Comments are closed for this post.