По денешното заседавање, комисијата за заразни болести донела одлука, досегашните рестриктивни мерки да продолжуват уште една недела поради непредвидливоста на вирсуот и се уште високата трансмисија.
Според изворите, наредниот понеделник ќе има повторно заседавање на комисијата за заразни болесни каде што повторно ќе се разгледува епидемиолошката ситуација, па согласно и ќе се одлучува, а на тој состанок тема ќе бидат и мерките кои што ќе бидат на сила за претстојните празници.
Граѓаните кои што ги анкетиравме сметаат дека мерките се уште треба да бидат на сила, а прокоментираа и што очекуваат за празниците.
Угостителските остануваат затворени за гости, и ќе продолжат само со достава, обложувалниците и понатаму ќе работат со едно-шалтерски систем, а под клуч остануваат фитнес центрите. На сила останува и полицискиот час од 20 до 5 часот наутро.
Властите очекуваат постојните мерки да ги намалат бројките на новозаразени, а кон тоа ќе придонесе и вакцнинирањето кое се одвива. Денеска Македонија ќе ја добие првата од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.00 дози.
Вакцинирањето на повозрасните тече и понатаму, а денеска се очекува и првата, од двете пратки Фајзер вакцини, каде што земјава ќе добие 10.000 дози. Вторите 10.000 вакцини треба да стигнат наредниот понеделник, а само два дена потоа според најавите и доколку се тече како што треба ќе пристигнат и 200.000 дози од кинески синофарм.
Кај дел од граѓаните се уште има дилеми во однос на безбедноста на вакцините, па на оваа тема разговаравме со биоинженерот Д-р Горан Кунгуловски.
Деновиве се очекува да пристигнат и останатите 76.000 дози Астразенека преку ковакс системот. Досега во земјава се вакцинирале речиси 39.000 граѓани, а заинтересираност за имунизација според официјалните информации пројавиле преку 175 илјади лица.
Comments are closed for this post.