Шестнаесеткракото сонце или Сонцето од Вергина, кое Македонија мора да го струга и брише дури и од шахтите, согласно Договорот од Преспа, кај источниот сосед се рекламира како богатство од Бугарија.

Ова може да се види од најавата на БТВ за документарниот филм насловен како „Богатствата на Бугарија“, што треба да се емитува в сабота.

Во краткиот видео-клип може да се види изрезбано шестнаесеткракото сонце или Сонцето од Вергина најверојатно на таванот на некој од бугарските манастири.

Очигледно, еден од симболите на светското културно наследство за Бугарија не претставува атак врз елинската античка култура, што не важи и за Македонија.