Изгубија ли членовите на Комисијата за заразни болсети од својот кредибилитети углед за да ги задовлат апетитите на лидерот наСДСМ, Зоран Заев? Дали тие отидоа спртивно на мислењето и ставот засновано на нивната стручност поради притисокот на власта за избори во јуни и јуи?! Ова се само дел од прашањата на јавноста по одлуката да се укинат дел од мерките во период кога бројката на починати и новозаразени од Ковид 19 драстично расте?Се чини вториот бран најавуван за септември кај нас стигна предвреме. Во септември ќе го чекаме третиот бран. Молитва за Бајрам, бесплатен градски превоз за пензионерите, забави на младите до раните утрински часови – што не очекува за недела две кога ќе помине периодот на инкубација по непромислените мерки на власта?

Со каков притисок се соочија членовите на Комисијата? Велат некои членови имаат лични, односно тендерски, интереси, други членови пак директна поврзаност со СДСМ, но таквата поврзаност не оди во прилог на граѓаните и нивното здравје, а ниту пак надржавата која е тотално закочена.

Црните статистики станаа новата реалност во Македонија. Вчерашните 52 нови случаи и 4 починати лица ги доведоа во сомнеж препораките на Комисијата за заразни болсети и одлуките на Владата на Министерот за здравство Венко Филипче и премиерот Оливер Спасовски.

Докторската фела е лута на Комисијата за заразни болести, бидејки потклекнаа на притисокот на Заев, оставајќи ги зад себе се повисокиот број на заразени од ковид-19. Се прогласи олабавување на мерките, се тврди дека опасноста поминала, се затвораат очи пред реалните бројки на починати од коронавирус.

И кога регионот одбива да ни отвори граници токму поради најлошата епидемиолашка слика во споредба со балканските земји. Комисијата за заразни болести во Македонија за да му удоволи на Зоран Заев да истурка избори, остана нема и пред апелите на своите колеги дека не е вистинско време и дека здравјето на граѓаните е пред се.

Доктор Никола Пановски  потенцира дека состојбата со коронавирусот може да излезе од контрола, а одговорноста ќе биде на комисијата која ќе го дозволи тоа.

-Мислам дека не требаше воопшто да се олабават мерките. Особено во општините каде што има толкав број на активни заболени. Воопшто да не се преземаат мерки, а ситуацијата да биде иста нема логично објаснување. Откога почна да се зборува за избори, почна да се тркала топката и страдаше науката очиглено кај нас нема доволно силни професионалци. Трагично е да одлуките се носат на таков начин. Оставаат на совеста на граѓаните, во услови кога гледаат дека совеста на дел од граѓаните е несериозна. Еве јас имам контакт со полиција во Сарај и тие кажуваат дека немало луѓе по улиците, истото тоа го забранија и на Водно и сега кога имаме дупло повеќе случаи ги пуштија автобусите и ги отворија кафичите. Значи се работи за истата комисија, која одлучува различно во краток временски период. Логиката кажува дека новозаболените во државата се 52 тоа е исто како нови 3500 во Италија или 8000 во САД. Значи ние сме повеќе и од Италија и од Америка, дециден е Пановски.

Доктор Кирил Лазов во својата колумна насловена „Сo ваква Комисија за заразни болести Македонија е Италија на Балканот“ вели:

Ниту министерот за здравство, ниту некој од Комисијата за заразни болести немаат одговор и остануваат без образложение на прашањето: „На што се должи зголемениот број на заболени од коронавирусот и зошто имаме највисока стапка на смртност предизвикана од вирусот Ковид-19?“

За жал никој од надлежните нема доблест, а ниту чувствуа одговорност да објасни зошто народот се залажува и зошто сега „ситуацијата е под контрола“ , а ги имаме истите бројки како кога ситуацијата водеше кон пик.

За две недели во Македонија има 22 жртви и 335 новозаразени, а власта упорно тврди и не уверува дека состојбата е под контрола. И покрај сите манипулации со тестирањата, поразителните бројки не може да се сокријат.

Додека сите држави бележат драстично намалување на бројките на новозаразени ние добивме тажна титула за статистиките: „Македонија – Италија на Балканот“, а тоа најдобро укажува колклу ситуацијата е навистина под контрола.

И тука се отвора дилемата дека има нешто труло и расипано во нашиот систем!
Дури и политички неписмесмен човек јасно може да согледа дека Комисијата за заразни болести е под политички инструирана опсада од владејачката партија само заради собирање на ситни маркетинг поени и евтин политички театар поради покривање на сопствената немоќ и неспособноста на власта. На овој начин комисијата дејствува како партиска испостава под директива на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за здравство д-р Венко Филипче.
После толку недоречености, неспособност во справувањето, аматеризам и одработување за своите налогодавачи време е да се смени Комисијата… Факт е дека оваа Комисија нема повеќе кредибилитет и капацитет во истиот состав и понатаму да функционира. Аргумент повеќе е што еден од членовите се наоѓа на листа за пратеници на СДС и тенденциозно си одработува партиска агенда и предизборна кампања.

А голем дел од членовите се послушници и доушници на Заев и Филипче.
Голем дел од членовите на Комисијата за зарзни болести кои работат исклучиво по партиска директива потребно е да сносат одговорност и сами да дадат оставка или побараат разрешување поради заблудите кои ни ги прават со нивното партиско слугување и досегашното штетно дејствување на товар на граѓаните, пред се врз менталното здравје.

Со критики до Комисијата се надоврза и доктор Владимир Лазаревиќ.

Според Лазаревиќ ситуацијата во моментов не е под контрола и смета дека Комисијата за заразни болести не смеела да избрзува со заклучоци околу олабавувањето на мерките бидејќи сме сведоци на нови 52 заболени од Ковид-19 во рок од 24 часа. Тој додаде дека доколку во најбрз рок граѓаните не се вразумат, тогаш ќе се вратиме на почетокот на пандемијата што ќе значи враќање на ситуацијата на почетокот.

“Комисијата за заразни болести не смееше да потпадне под ничиво влијание бидејќи и најмала грешка може да биде кобна. Свесни сме дека голем дел од институциите се исполитизирани и донесуваат одлуки по нарачки, но во моментов се соочуваме со пандемија која гледаме дека нема да заврши во брзо време во Република Македонија. Мораме сите да имаме свест и јавна одговорност”, вели Лазаревиќ.

Одговорност од Комисијата за заразни болести побараа и од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вели дека се покренува сериозен сомнеж во работата на Комисијата и во нивните проценки за мерките кои треба да се преземат.н Реагираше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски кој побара одговорност од власта порачувајќи дека мерките ги укина политичарот Караџовски по препорака на Спасовски и Заев.