По објавувањето на информацијата во хрватските и македонските медиуми за вулгарни навреди што директорот на македонската агенција за филм Горјан Тозија јавно ги кажува и прокламира на социјалните мрежи каде премиерот на Хрватската влада Андреј Пленковиќ, владејачката ХДЗ партија, ги нарекува фашисти и членови на криминалниот клуб, ние како организација на Хрватите во Македонија очекувавме веднаш Владата на Македонија јавно да го осуди овој говор на омраза и санкционира директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија, бараат од Здружението на Хрватите во Македонија.

Директорот на владината агенција за филм не само што не негираше и не се извини за тоа што со месеци ја навредуваше Владата на Република Хрватска и нејзиниот претседател во кој ги нарекува фашистите и член на криминален клуб, туку напротив, тој истото го потврди и напиша дека има право да го стори тоа, што преставува невидена дрскост и говор на омраза Ова не е само тежок меѓународен скандал, туку и невиден случај во светот каде една влада толерира мешање во работите на друга држава – најсериозните вулгарни навреди и говор на омраза. Покрај тоа, тоа го прави и на земјата и нејзиното раководство, кое го има претседателството со ЕУ и ја поддржува Македонија во патот кон ЕУ толку силно, потенцираат од Здружението.

Не сакаме да веруваме дека Владата на Македонија преку игнорирањето на званична реакција и осуда кон Горјан Тозија стои зад ваквото мешање во внатрешните односи на друга држава – и самото што беше со Македонија и е кога и е најпотребно. Владата на РМ мора да го стори тоа и затоа што, во спротивно, ги изложува сите нас, сите Македонци и македонските граѓани, да бидат прикажани во светот како оние што враќаат на Добро со Зло. Ние не сме и не сакаме да бидеме такви, велат од Здружението.

Од таму исто така побараа

Со ова го повикуваме Претседателот на Македонија, во рамките на неговите овластувања и врз основа на уставната одговорност за репутацијата на Македонија во светот, да побара од Владата на Македонија да постапи и да го санкционира Горјан Тозија, но и сите оние кои и го дозволуваат овој срам за Македонија и рушење на одличните односи помеѓу Македонија и Хрватска. Истовремено ја повикуваме Владата на Македонија веднаш да го разреши Горјан Тозија, и да испрати извинување и јасна порака до сите оние кои размислуваат како него дека ова не е политика, дека ова не е позиција и став на Владата на Македонија и дека јавно ќе ги санкционира сите оние кои имаат шират и прокламираат говор на омраза.