„Штом ќе пристигне барањето од Собранието за декласификација на Извештајот за разрешување на Јанева, Советот на јвани обвинители ќе пристапи кон одлучување. Не ја знаеме содржината на барањето од Собранието. Зависно од содржината ќе донесеме таква одлука“, вели за Пресинг Тв, претседателот на Советот на Јавни обвинители, Ацо Колевски.

Претходно претседателот на Комисијата за избори и именувања, Илија Димовски најави дека ќе побара од Колевски извештајот да биде декласифициран.

„Мој личен став е дека Советот на јавни обвинители треба да го декласифицира извештајот за специјалната јавна обвинителка. Комисијата треба да се одржи со присуство на јавноста. На тој начин ќе се зголеми во довербата на граѓаните во Собранието и правосудниот систем“, рече Димовски.